Процесот на складирање и чување на овошјето и зеленчукот е еден од најважните процеси кои влијаат на квалитетот. Иако, штом го соберете од нивата не можете да го подобрите квалитетот, сепак можете значително да влијаете на тоа какви производи ќе завршат кај крајните купувачи. Џабе сте одиграле добар натпревар доколку на крајот сепак не постигнете добар резултат. Со обезбедување на идеални услови можете значително да го продолжите рокот на траење и квалитетот на овошјето и зеленчукот. А со самото тоа, да им обезбедите на Вашите клиенти поквалитетни производи од тоа што се навикнати да најдат на пазарот. Како да обезбедите идеални услови? Во продолжение прочитајте ја тајната:
Продолжете го животот на овошјето и зеленчукот
Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како луѓето, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот.
Кои се идеалните услови?
Температурата и релативната влажност играат најважна улога во обезбедувањето на идеални услови за чување на овошјето и зеленчукот. На висока релативна влажност, овошјето и зеленчукот ја одржува продажната тежина, изглед, хранливото својство и вкус. Со тоа се намалува омекнувањето и скапувањето на производите. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на губење на вода во овошјето и зеленчукот се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот најмногу влијаат на пораст на загубата на вода.
Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук.
Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо.
Повеќе информации околу тоа која е идеалната температура и релативна влажност за секој производ посебно, можете да прочитате тука.
Мониторинг за задоволни и среќни клиенти
Мониторингот на температурата и влагата е најважен сегмент во обезбедувањето на идеални услови за складирање на овошјето и зеленчукот. Без мониторинг немате никаква контрола над условите во кои ги чувате производите. Мониторингот значи будно следење на она што Ви е навистина важно. Мониторингот значи дека имате контрола над сопствениот бизнис. Не можете на друг начин да влијаете на условите во кои го чувате овошјето и зеленчукот освен будно мониторирање 24/7. Воспоставете систем за мониторинг кој по електронски пат ќе Ве алармира за состојбата и за било каква промена на амбиенталните вредности во вашите магацини. Што мислите за e-mail и sms известување за сите важни промени на амбиенталните вредности? Не оставајте ништо на случајноста. Можноста за електронски аналитички и графички извештаи и следењето на температурата и влагата во реално време значи квалитетни производи за Вашите клиенти. Доколку Ви се потребни повеќе информации како може да имплементирате систем за мониторинг на температура и влага во Вашиот бизнис, повеќе информации можете да побарате тука.