Во животот ретко кога нешто е идеално. Исто е и во бизнисот. Сакале или не, мораме да сме свесни дека секој нов ден не очекуваат нови ситуации, препреки и разочарувања. Сето ова, многу често нѐ спречува да ги видиме можностите кои ни се нудат. Сепак, и покрај сите препреки, во природата на човекот е да се стреми кон идеалното. Верувам дека и Вие го започнавте Вашиот бизнис со идеален план, фокус и енергија. Ве охрабруваме да продолжите на тој пат.

Сакам посебно да им се обратам на компаниите кои се занимаваат со производство и трговија на месни и млечни производи. Знам дека одговорноста е огромна. Производството и дистрибуцијата на расипливи производи едноставно не дозволува грешки. Никој не сака да си дозволи да го доведе здравјето на своите клиенти во опасност. Знам дека главен фокус Ви е да обезбедите квалитетни, здрави, сигурни и безбедни производи.

HACCP

Ајде да ја поедноставиме работата. За идеален бизнис се потребни идеални производи. Сакате идеални производи? Тогаш морате да обезбедите идеален процес на производство, складирање и дистрибуција. Ова е основа! Не мора да одиме подалеку од тука. Како да обезбедите идеални услови? Прочитајте тука.

Амбиенталните параметри играат една од најважните улоги во производството и дистрибуцијата на квалитетни и безбедни производи. Постојат точно утврдени амбиентални параметри кои се најдобри за чување на производите. Прочитајте кои се идеалните вредности: Три златни правила за ладен ланец во прехранбената индустрија.

Исполнувањето на строгите HACCP е обврска на секоја компанија која се занимава со производство или трговија на месни или млечни производи. Сепак, за жал и во денешно време многу компании HACCP стандардот го спроведуваат рачно, односно со хартија и пенкало. Рачното пополнување на списоците одзема премногу време, ја намалува продуктивноста на вработените и подлежи на факторот човекова грешка. Покрај ова, можеби најголемиот пропуст е во тоа што рачната евиденција им ја ускратува можноста на технолозите и менаџерите во реално време да ја следат промената на температурните вредности. Прочитајте тука како брзо и едноставно да го дигитализирате HACCP системот во Вашата компанија.

Постои решение како да обезбедите идеални услови за складирање и дистрибуција на млечни и месни производи. Едноставен и брз начин како да го дигитализирате HACCP системот. Постои начин како до идеален бизнис! Ви стоиме на располагање во спроведување на целиот процес. Закажете консултативен разговор.