Posts

Нов повик за ИПАРД програмата

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2019 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020)

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во првата половина на месец јули 2019 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

ИПАРД 2 Програмата 2014-2020

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.

Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност 

5 Предности од користење на систем за мониторинг на температурата и релативна влага

Постојат неколку начини за следење на амбиенталните услови во простгориите за складирање. Најчесто користен начин е употребата на мали, базични логери на податоци. За одредени апликации, логерот за податоци е доволен, на пример, за следење на  температура и  влага во простории, каде што нема опасност од оштетување на производите и едноставно Ви е потребна евиденција за референтни цели.

Меѓутоа, ако имате производи чувствителни на промена на температура и релативна влага, особено ако нема да бидете во просториите 100%  од времето, системот за мониторинг на амбиентални вредности со вклучен аларм кој континуирано ги следи состојбите ќе ви биде од огромна корист.

Постојат многу предности за користење на систем за следење на температурата и релативна влажност, подолу ние составивме 5 клучни фактори кој овој систем го потврдуваат како ефикасен метод за одржување на стабилни услови во просториите за чување на производи осетливи на промена на температура и релативна влага.

1) Заштедете пари

Користењето на систем за континуирано следење на температурата и релативна влага  ќе ви заштеди пари на долг рок, за потрошените акции, отповикувањата на производите итн. Ако постои потенцијален проблем, веднаш ќе бидете известени, пред да биде предоцна.

2) Ефикасно и соодветно

Сите извештаи автоматски се подготвуваат за вас, Вие не морате да мрднете со прст. Сите извештаи ќе бидат испратени до вас секое утро преку е-пошта.

АМБИОН Систем за следење на температура и релативна влажност

3) Достапно од било каде

Моменталните вредности на амбиенталните параметри можете да ги следите на секој уред (лаптоп, десктоп, мобилен, таблет) и од секоја локација. Извештаите и алармите  може да се праќаат директно до вас преку е-пошта и SMS за да не треба да губите време за проверка на секој одделен сензор во различни простории.

4) Лесен за користење

Некои системи за следење бараат  сложена инсталација и одржување што одземаат многу време, но со АМБИОН системот на Зонел Софтвер се е многу едноставно за поставување а неговото користење е многу едноставно и корисниците брзо се прилагодуваат на неговото користење.

5) Поповолно одошто мислите

AMBION Системот е достапен веќе од 490 евра и со големиот број на можни прилагодувања  е достапен за најразлични бизниси од мини маркети со неколку  фрижидери до големи производствени капацитети со голем број на ладилни комори и магацини каде има 100-тина мерни точки.

АМБИОН Системот за следење на температура и релативна влажност нудат пристапна цена, но сигурно решение за оние кои треба постојано да ги следат амбиенталните вредности во сите простории. Се надеваме дека 5 предности што се наведени погоре ќе ви помогнат да го одберете решението кое најдобро ќе одговори на вашите барања.

Ви требаат дополнителни информации?

Ако сакате повеќе информации за АМБИОН системот за мониторинг или имате дополнителни барања за кои сакате да разговарате, Ве молиме слободно контактирајте со нас. Можете да ни испратите порака, да оставите коментар, или да ни повикате на 075/356-233, нашиот тим ќе биде среќен ако може да Ви помогне.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

Услови за чување на овошје и зеленчук

Соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот, температура на складирање и влажност, се потребни за продолжување на рокот на траење и одржување на квалитетот на земјоделските производи. 

Откако земјоделскиот производот е веќе собран  невозможно е да се подобри неговиот квалитет. Загубите на градинарски култури поради неправилното складирање и ракување може да се движат од 10 до 40 проценти. 

Свежото набрано овошје и зеленчук се живи, иако тие веќе не се повеќе на растението. Тие дишат, исто како што луѓето го прават, а нивниот состав и физиологија продолжува да се менува и по бербата. Тие продолжуваат да зреат и, конечно, тие почнуваат да изумираат. Клеточното распаѓање и смрт (стареење) се неизбежни, но може да се забаваат со оптимални услови за чување. Свежото овошје и зеленчук бараат ниска температура (0 до 13 °C) и висока релативна влажност (80 до 95 проценти) за да се намали испарувањето и да се забави метаболизмот и  стапката на загуба на вода. Преку забавување на овие процеси се намалува загубата на вода и се одржуваат  хранливата вредност и квалитет на овошјето и зеленчукот. 

Релативна влажност 

Стапката на транспирација (загубата на вода од производот) се утврдува преку содржината на влага на воздухот, кои обично се изразува како релативната влажност. На висока релативна влажност, производство ја одржува продажната  тежина, изглед, хранливото својство и вкус, додека пропаѓањето, омекнување и скапувањето се намалуваат. Зеленчукот со висок сооднос на површина  во однос на волумен; повредените производи; и недоволно зрелото овошје и зеленчук имаат повисоки стапки на транспирација. Надворешните фактори кои влијаат на стапката на  транспирација се температурата, релативната влажност на воздухот, брзина на воздухот и атмосферскиот притисок. Високите температури, ниска релативна влажност и високата брзина на движење на воздухот влијаат на пораст  на загубата на вода. 

Релативната влажност треба да биде следена во коморите.  Систем за мониторинг на релативна влажност е вистинското решение наместо обичен влагометар или пак проценка спрема изгледот на производот.   

Контролата на влагата може да се постигне преку повеќе методи: 

  • Користење на овлажнувачи на воздухот 
  • Регулирање на движењето на воздухот и вентилација во коморите.  
  • Користење на бариери за влага за изолација на просторот за складирање и просторот за превоз 
  • Влажнење на подот во коморите за чување на овошје и зеленчук. 
  • Користење на дробен мраз за пакување на производите при транспорт 
  • Прскање на листовите на одредени типови на зеленчук со вода. 

Во следната табела можете да ги погледнете оптималните влажност за чување на различни видови на овошје и зеленчук. 

чување на овошјето и зеленчукот

Температура 

Испарувањето и брзината на метаболизмот се директно поврзани со температура на чување на производот. Повисока стапка на испарување значи побрзо расипување на производите. Пониската температура значи забавување на процесите на испарување, зреење и стареење, со што се  продолжува рокот за складирање на овошје и зеленчук. 

Ниските температури, исто така, го забавуваат растот на патогените габи кои предизвикуваат расипување на овошје и зеленчук во коморите. Производителите треба да обрнат  посебна грижа и внимание на соодветни услови за чување на производите со висока до екстремно висока стапки на испарување. Кај овие производи нивното расипување се случува многу побрзо. 

Невозможно е да се даде една препорака за складирање на сите овошје и зеленчук. Климата во областа каде што потекнува култура, локацијата на производните капацитети, времето на берба, зрелоста на производот  се важни фактори во одредувањето на оптимална температура. Во табелата можете да ги погледнете општите препораки за чување во ладилни комори на различни видови на овошје и зеленчук.  

Комори за складирање 

Различните култури  бараат различни услови на чување, поради ова разликуваме три различни  типови на капацитети за чување на овошје и зеленчук: 

  • Ладилници (температура 0 до 2 °C). 
  • Ладно складирање (температура 4 до 13 °C). 
  • Топло складирање (температури од 13 до 16 °C)   

Следење на температурите со помош на Систем за мониторинг на температура е корисен во одредување дали во просториите за складирање се одржуваат соодветни услови за чување на овошјето и зеленчукот. Користењето на Систем за континуирано следење на температура и релативна влажност ќе Ви овозможи оптимални услови за максимална должина на чување на производите и минимизирање на оштетувањата на производот во текот на неговото складирање. Ова ќе влијае врз задоволството на Вашите корисници, помалку расипани производи и можност за флексибилност во чување на производите на подолг рок додека се чекаат соодветни пазарни услови за негова продажба.  

 АМБИОН – Систем за мониторинг на температура 

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата и влагата се следат  континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на чување на овошјето и зеленчукот. 

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата и влага. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности. 

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои се чувани производите, анализа на измерените вредности и преземање на соодветни мерки за да се подобрат услови за чување на овошје и зеленчук. 

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение. 

ИСО 22000 – Систем за управување со безбедност на храна

ИСО 22000 е  систем за управување со безбедност на храната. ИСО 22000 системот е така дизајниран за да обезбеди на компаниите во прехранбената индустрија  ИСО-базиран систем за сертификација за управување со безбедноста на храната, кој е признаен од страна на Иницијативата за глобална безбедност на храната (GFSI). Признавањето од страна на GFSI обезбедува признавање и прифаќање од страна на производителите на храна и трговците на мало во целиот свет.

ИСО 22000 како систем за управување со безбедност на храна во себе вклучува анализа за опасности и критични контролни точки (HACCP). Но, исто така вклучува и други управувачки процеси кои допринесуваат за безбедноста на храната. Поедноставно кажано  HACCP е дел од ISO 22000.

Системот за управување со безбедност на храна се интегрира едноставно со другите системи за управување, како што се ISO 9001 и ISO 14001. ИСО 22000  стандардот бара адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната. Овие контроли се суштински по безбедноста на храната со цел да се елиминираат или намалат опасностите на прифатливо ниво. Постојат различни барања во зависност од вашата индустрија:

  • ISO / TS 22002-1: Преработка на храна
  • ISO / TS 22002-3: Земјоделство
  • ISO / TS 22002-4 Производство и пакување на храната

Предности за компанијата која поседува ИСО 22000

 

Управување со ризици

Прво и основно, воведувањето на ИСО 22000 системот ќе и обезбеди на вашата компанија  ефикасно управување на ризиците по безбедноста на храната со создавање на средина способна за производство на безбеден производ и систем за управување  кои континуирано овозможува управување, следење, потврдување и подобрување на системот на функционирање на компанијата.

Задржување  на постојните клиенти

Статистичките податоци покажуваат дека 1 од 4 сертифицирани компании бараат нивните добавувачи исто така да имаат сертификација. Шансите се огромни  дека ако се уште не ви побарале сертификација дека ќе биде побарана од Вас во блиска иднина. Вашата сертификација може да ви помогне да останете конкурентни и квалификувани за да продолжите да соработувате со вашите актуелни клиенти, како и да добиете пристап до нови можни клиенти.

 

Зголемен пазарен потенцијал

Големи трговците на мало и мултинационални производители или преработувачи, исто така бараат потврда за сертификација од своите добавувачи. Имајќи ИСО 22000 сертификација значи дека ќе се квалификувате за снабдување на овие компании со што си овозможувате отворање на нов голем пазар за вашите производи.

Подгответе се за идните законски промени

Земји низ целиот свет континуирано прават промени на прописите за безбедност на храна, вклучувајќи ги и  модернизација на  законите за безбедност на храната. ИСО 22000 ја подготвува вашата организација да се исполнат многу или повеќето од барањата  кои ги носат новите промени.

ИСО 22000 Мониторинг на температура и релативна влага

Мониторинг на температура

Во управувањето со системот на безбедноста на храната одредени процеси се идентификувани како критични и за нив е потребна континуирано следење и контрола. Што ќе се случува и што ќе се следи зависи од критични граници кои ќе се воспостават.  Еден од параметрите за кој е неопходно постојано следење е и температурата во повеќе чекори од производствениот процес во компанијата.

Утврдување на системот за следење на температура е важен фактор во развојот на системот за менаџирање на безбедноста на храната. Ако сте избрале опрема за следење на една специфична критична контролна точка, треба да се обезбедите дека таа е точна и рутински калибрирана за да осигурате дека ќе бидат исполнети критичните граници. 

При одлучувањето колку често ќе вршите мониторинг, треба да се осигура дека интервалот на мониторингот ќе биде соодветен за да се обезбеди контрола на опасностите. Вашата постапката за мониторинг треба да биде едноставна и лесно следлива.

АМБИОН – Систем за мониторинг на температура

АМБИОН преставува систем за мониторинг на температура кој ги задоволува сите претходно спомнати барања. Температурата се мониторира континуирано со дигитални сензори (сонди) кои се одликуваат со адекватна прецизност кој овозможува зголемена безбедност во процесот на обработка и чување на храната.

АМБИОН овозможува аларми при надминување на поставените критични вредности на температурата. Алармите може да бидат звучни, визуелни, преку СМС и преку електронска пошта. Ова Ви овозможува навремено преземање на корективни акции со кои навремено ќе ја отстраните причината за надминување на поставените критични вредности.

АМБИОН системот сите потребни извештаи за HACCP ги пополнува автоматски врз основа на однапред зададени параметри од корисникот (Пример: период на запишување на температурата). Како додадена вредност постојат уште голем број на аналитички и графички извештаи кои овозможуваат преглед на условите во кои е процесирана и чувана храната, анализа на вредностите и преземање на соодветни мерки за да се подобрат безбедносните услови за чување и обработка на храната.

Заинтересирани сте за нашата понуда, контактирајте не и договорете презентација на нашето решение.

 

Користење на АМБИОН во проекти финансирани од ИПАРД 2 програмата

ИПАРД 2 Програмата 2014-2020

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. За разлика од ИПАРД 1 каде соодносот на финансирање беше 50:50, во ИПАРД 2 стапката на кофинансирање инвестиции на земјоделски стопанства ќе изнесува 65% за млади земјоделци и 70% за земјоделски стопанства на над 700 метри надморска висина. Стапката на кофинансирање е зголемена на 65% и за инвестиции за основање и модернизација на мали претпријатија и занаетчиски дејности во руралните средини, како и за инвестирање во капацитети за рурален туризам.

Приоритет  во ИПАРД 2 ќе се даде на проекти поврзани со усогласување со стандардите на ЕУ – при што за инвестиции кои се однесуваат на надоградување за да се постигне усогласување со стандардите на ЕУ кои се однесуваат на безбедност на храната во секторот за млеко и месо  ќе можете да ги добиете максималните 30 поени со што ќе ја зголемите можноста за финансирање на Вашите проекти во оваа програма.

 ИПАРД 2

Следење на температурата како критериум за воведување на стандарди за производство

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регилативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во  голем број на сектори кои се подржани со ИПАРД 2 програмата и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

АМБИОН е комплетно македонски производ и поради тоа тој е прифатлив за да го користите при имплементација на Вашите проекти со кои конкурирате во ИПАРД 2 програмата.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност 

Зошто е важно следењето на температурата во сервер собите?

Сервер собите во еден центар за податоци се исполнети со најразлична компјутерска опрема и системи за ладење за да се обезбедат услови во кои температурата на серверите ќе остане во рамките на дозволениот температурен опсег. Секоја од компаниите кои изнајмуваат простор во центарот за податоци зависат од оптимална функционалност на опремата во овие простории. Тоа е причината зошто ИТ менаџерот треба да се осигура дека серверите работат со полн капацитет во текот на целиот период.

Но како менаџерите на центарот за податоци да бидат успешни, кога станува збор за одржување на ИТ опрема? Како центрите за податоци може да  задржат високо ниво на функционалност, а во исто време да се обезбеди намалување на трошоците и намалено користење на енергија? Еден важен начин е преку следење на температурата во сервер собите.

Температурата и компјутерската опрема

Компјутерска опрема генерира многу топлина. Затоа, потребни се системи за ладење за одржување на пониска температура за да се обезбеди безбедноста на машини. Следењето на температурата  им помага на менаџерите за да се постигне оваа цел. Според списанието  Computer Weekly мониторингот на температура во центарот за податоци е од клучно значење за спречување на пожари.

Постои прифатлив опсег за температура и влажност во еден центар за податоци. Computer World истакна во 2013 година дека се препорачува користење на температури од 22 °C до 26 °C, тврдејќи дека тоа би можело да намали од 4 до 5 проценти во трошоците за енергија за секој еден степен на повисока температура. Сепак, според Американското друштво на инженери за греење, ладење и климатизација за да се постигне максимална ефикасност во заштеда на енергијата, највисоката температура во центрите на податоци треба да е околу 32°C.

серверски соби

Како што можете да видите, овие насоки за оптимални температури во центрите за податоци се менуваат постојано. Поради зголеменото внимание  на јавноста за енергетската ефикасност, даватели на услуги во центрите за податоци се обидуваат да најдат нови начини да се намалат трошоците и да се намали нивното негативно влијание врз животната средина.

Како одговор на константниот притисок за т.н. зелена енергија компаниите вложуваат се повеќе напори за да бидат поефикасни во нивното функционирање а во исто време да заштедат повеќе енергија. Со други зборови за центрите на податоци заштедата на енергија е од огромно значење – но како да овие центри станат поефикасни и да стигнат до т.н. “зелена„ позиција?

Важноста од мониторинг на температурата во сервер собите

Следење на температурата во просторијата на серверот може да направи голема разлика кога компаниите се обидуваат да  заштедат пари и да го намалат нивното негативното влијание врз околината на долг рок. Сензорите за температура и релативна влага поставени на стратешки позиции низ сервер собите може да им овозможи на менаџерите на центарот за податоци информации во реално време за температурата и релативната влажност во објектот во секое време.  Со овие податоци, ИТ менаџерите навремено ќе имаат информации за тоа дали да се прилагоди системот за ладење, потенцијално елиминирање на опасните точки и спречување на пожари.

Кога компаниите инвестираат во АМБИОН систем за следење на температура и релативна влажност мошне брзо ќе ја увидат разликата и во енергетската ефикасност и во намалување на трошоците. АМБИОН  поседува и сопствен систем за алармирање преку СМС и електронска пошта, така што компаниите имаат информација во секој момент за проблематични температури. На овој начин, преку алармите и комплетните извештаи за движењето на измерените вредности во одреден период и на одредени точки во просторијата се овозможува постојано прилагодување на системите за ладење со што температурата може лесно да се управува и во центрите за податоци може да се постигне максимална ефикасност и голема заштеда на потрошена енергија.

За повеќе информации или презентација на АМБИОН систем за следење на температура и релативна влажност нашиот Тим Ви стои на располагање.