Успехот во бизнисот со трговијата на лекови зависи од повеќе фактори. Одговорноста која ја имаат трговците и производителите не лекови и вакцини е поголема од останатите бизниси. Самите стандарди се доста строги. Ви претставуваме некои совети за успешен фармацевтски бизнис. Во продолжение прочитајте кои се клучни фактори за успешна трговија на лекови.

Како до сигурен транспорт и дистрибуција?!

Добрата дистрибутивна практика гарантира дека нивото на квалитет утврдени со добрата производна практика  се одржуваат во текот на  целата дистрибутивната мрежа, така што лековите се дистрибуираат без каква било промена на нивниот квалитет. Системот за квалитет бара, меѓу другите стандарди, дека условите на чување се почитуваат во целиот временски период до продажба на производот. Добрата дистрибутивна пракса, исто така, ја наведува температурата како битен фактор при транспортот на лекови и истата треба да се одржува во предвидените граници за време на транспортот. При транспортот треба да е обезбеден систем за следење на температурата и евидентирање на измерените вредности. Мониторингот при транспортот е многу често алката која недостасува за комплетно спроведување на добрата дистрибутивна пракса. Имаме решение со кое секогаш ќе бидете сигурни дека Вашите производи ќе бидат транспортирани во идеални услови.  Побарајте бесплатен консултативен разговор!

Високи стандарди во складирањето на лековите!

Со цел да се гарантира безбедноста на пациентите, фармацевтските куќи мора да обезбедат лековите и вакцините да се складираат на точно определени температури. Колку и да Ви изгледаат апстрактни и сложени стандардите за чување и складирање на лекови и вакцини, постојат два клучни сегменти кои се основа и на кои мора да обрнете најмногу внимание –  правилно следење на температурите и документирање на истите.

После првичното температурно мапирање, опрема за следење треба соодветно да се постави, особено во областите во кои се очекува поголема флуктуација на воздух или екстремни температури. Дури и за помали простории во кои се складираат производи на собна температура, треба да се посвети внимание на потенцијалните ризици и треба да се постави систем за следење на температурата. Аларми треба да бидат поставени за да се извести за било какви отстапувања од претходно дефинираните услови. Опремата која се користи за контрола или за следење на температурата и релативната влага каде што лековите се чуваат исто така, треба да се калибрира во одредени временски интервали.

Повеќе околу складирањето на лекови можете да прочитате тука!

lekovi

Под какви услови се чуваат вакцините!

Складирање на  вакцините не е сложено, само треба да се обезбеди температура на складирање на вакцините е од 2° C до 8° C, или тие ќе бидат оштетени или уништени. Еве зошто:

Над 8°C

Над 8°C  вакцините почнуваат да се расипуваат и нивниот рок на траење почнува драстично да се намалува. Колку е повисока температурата толку побргу се расипуваат вакцините.

Се стремиме за 5°C

5°C е идеална температура за складирање на вакцините … точно во средината на сигурната зона помеѓу 8°C и 2°C.

Под 2°C

Ако вакцините замрзнат тие се веќе неупотребливи. Еднаш замрзнатите вакцини се комплетно неефикасни. 2°  е долната граница на сигурната зона за складирање на вакцините.

Избегнете стрес и грижи околу тоа дали Вашите вакцини се сигурни. Со користење на софистициран систем за мониторинг на температура, ги заштитувате Вашите вакцини но и Вашата репутација.

Какво решение Ви е потребно за безбедно чување на вакцините прочитајте тука.

Мониторингот на температура пресуден за безбедни лекови!

Сите овие фактори го рангираат мониторингот на амбиентални вредности како еден од најважните сегменти во трговијата со лекови. Квалитетниот мониторинг е единствен начин како да бидете секогаш сигурни дека сè e во најдобар ред. Мониторингот значи дека се грижите. Дека Ви е важно здравјето на пациентите. Дека сте будни.

Клучно во квалитетниот мониторинг е  поставување централизиран систем за мониторинг се состои од повеќе компоненти – сензори, контролер, термограф за мерење на температурата при транспорт и софтвер за мониторинг. Прецизните сензори ги мерат потребните параметри, додека контролерот ги презема податоците и ги префрлува до софтверот за мониторинг кој праќа аларми за надминати вредности, ги прикажува во реално време измерените вредности, овозможува креирање на различни извештаи и овозможува достапност на податоците од сите компјутери во Вашата мрежа. Обезбедете најдобар мониторинг за своите производи. Побарајте бесплатен консултативен разговор!

Човековиот живот на прво место!

Секој спасен човечки живот вреди богатство. Бизнис базиран на вистински вредности е најсигурна долгорочна инвестиција. Обезбедете ја сигурноста на Вашите лекови еднаш засекогаш. Закажете Ваш термин за консултативен разговор!