Ново: Мониторинг на PM честички со Вашиот Ambion!

Нашата посветеност и работа на развој како дополнително би го олесниле и подобриле квалитетот на Вашето работење, продуцираше уште една нова можност. Покрај веќе постоечките параметри температура, влага и C02, отсега Вашиот Ambion System има можност и за мониторинг на PM10 и PM 2.5 честички. Мониторингот на PM честичките е многу важен во повеќе индустрии и секојдневното живеење. Во продолжение прочитајте зошто се одлучивме да инвестираме во мониторингот токму на овој параметар и зошто е важно да овозможите мониторинг на  PM честички во Вашиот бизнис.

Што е PARTICULATE MATTER (PM)?

Загадувањето со PM честички е мешавина во воздухот од цврсти и течни честички. Тие често се одделени во три класификации; груби, фини и ултра фини честички. Грубите честички имаат дијаметар помеѓу 10 μm (микрометри) и 2,5μm и се таложат релативно брзо, додека фините (0,1 до 2,5 μm  во дијаметар) и ултра фините (<0,1μm во дијаметар) честици остануваат да лебдат во воздухот подолго. За да имаме појасна слика, човековата коса има дијаметар од 50-70 μm а зрно песок има дијаметар од 90 μm. Кога станува збор за ПМ10, се однесува на честички помали од 10 μm. Тука спаѓаат прав, полен и мувла. Спротивно на тоа, кога станува збор за PM2.5 се однесува на честички помали од 2,5 μm. Овие помали честички вклучуваат честички на согорување, органски соединенија и метали.

Кои индустрии имаат потреба од мониторинг на PM честички?

Постојат повеќе индустрии и дејности кај кои е многу важно да се воведе систем за мониторинг на PM честички со што би ја осигуриле безбедноста и здравјето на работниците. На пример, во петрохемиската индустрија и земјоделските сектори каде процесите на горење се неопходни, потребно е мониторирање на PM 2.5 честички, како и во рудниците и градилиштата каде многу важно е да се мониторира присуството на PM10 честички во воздухот.

Накратко, ова се индустриите кај кои мониторингот на PM честичките е многу важен:

  • Рудници и каменоломи
  • Фабрики за цемент
  • Градилишта
  • Петрохемиска индустрија
  • Земјоделство

PM10 и PM 2.5 честички.

Како влијаат PM честички на здравјето и продуктивноста на вработените?

Повеќе студии и истражувања укажуваат на тоа дека подобрувањата во квалитетот на воздухот доведуваат до подобрувања во продуктивност на работниците во голем број сектори, вклучително и земјоделството, производството и услужните сектори.

Зголемената свест за PM10 и PM2.5 во голема мерка е поврзана со потенцијалните штетни ефекти што можат да ги имаат врз човечкото здравје. Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека честичките влијаат врз повеќе луѓе ширум светот од кој било друг загадувач. Примарните здравствени ефекти вклучуваат оштетување на респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Поради малата големина на PM10 и PM2.5 честичките, тие можат да навлезат во најдлабоките делови на белите дробови и да предизвикаат сериозни проблеми на респираторниот систем.

PM 2.5 честичките влијаат на покачување на крвниот притисок; предизвикуваат иритација во уво, нос, грло и белите дробови, како и благи главоболки. Исто така, овие честички ги намалуваат когнитивните способности и концентрацијата на вработените. Сето ова покрај сериозните здравствени ризици, значително може да ја намали и продуктивноста на вработените. Многу истражувања покажуваат значително намалена продуктивност на вработените при зголемено присуство на PM честичките во воздухот, без разлика дали станува збор за физичка или умствена работа.

Како најлесно до мониторинг на PM честички?

Еден од основните принципи за кои се залага секој успешен претприемач е грижа за здравјето и животот на своите вработени. Обезбедувањето подобри услови за работа на вработените е единствен сигурен пат во креирање на успешна компанија. Одлучивме да инвестираме во решение кое значително ќе ја зголеми безбедноста на Вашите вработени. Со Ambion System мониторингот на PM честичките станува едноставен и лесен процес достапен за сите македонски компании. Пред Вас е ефикасен систем кој ќе Ве алармира по пат на sms или email за секоја промена на присуството на PM честичките  во воздухот. Отсега ќе имате темелна документација и ќе биде евидентирана буквално во секоја минута промената на количината нa PM честичките во воздухот. Не оставајте веќе ништо на случајноста и на факторот грешка. Ambion System за максимална безбедност на Вашите вработени!

Закажете консултативен разговор!