Колкава е важноста на квалитетот на воздухот во затворен простор

Дали квалитетот на воздухот во работните или во станбените простории е фактор кој влијае на здравјето и безбедноста?  Ова прашање стана актуелно во последниве години. Одговорот е дека квалитетот на воздухот во затворен простор е важен фактор кој влијае на  здравјето и безбедноста. Вообичаени проблеми поврзани со квалитетот на воздух се следниве:

  • Неправилни или несоодветно одржувани системи за греење и вентилација.
  • Загадување од градежни материјали, лепила, фиберглас, бои, хемикалии и др.
  • Зголемување на бројот на луѓе во зградите и периодот кое луѓето го поминуваат во затворен простор.

Кои се честите причини за проблеми со квалитетот на воздухот во затворен простор?

Проблемите со квалитетот на воздухот во затворени простории се резултат на интеракција помеѓу градежни материјали и мебелот, активности во рамките на зградата, климата и луѓето во објектите. Проблемите со квалитетот на воздухот во затворен простор може да произлезат од повеќе причини:

  • Внатрешната околина – несоодветна температура, влажност, лоша циркулација на воздухот, проблеми со системот за вентилација.
  • Загадувачи на воздухот во затворен простор – хемикалии, прашина, мувла или габи, бактерии, гасови, пареи, мириси.
  • Недоволно проветрување.

Кои се загадувачите на воздухот во затворен простор?

Ова се дел од вообичаени загадувачи на воздухот во затворен простор и нивни главни извори:

  • Јаглерод диоксид (CO2), чад од тутун, парфем, мирис на телото – од луѓето во објектите.
  • Прашина, фиберглас, азбест, гасови, вклучително и формалдехид – од градежни материјали.
  • Токсични пареи, испарливи органски соединенија – од средства за чистење на работното место, растворувачи, пестициди, средства за дезинфекција, лепила.
  • Гасови, пареи, мириси – испуштање на гасови од мебел, теписи и бои.
  • Грињи – од теписи, ткаенини, душеци.
  • Микробно загадувачи, габи, мувла, бактерии – од влажни подрачја, застојана вода и кондензација.
  • Озон – од фотокопири, електрични мотори, електростатски средства за чистење на воздухот.

квалитетот на воздухот

Кои симптоми честопати се поврзани со слабиот квалитет на воздухот во затворен простор?

Вообичаено е луѓето да пријават еден или повеќе од следниве симптоми:

  • Сувост и иритација на очите, носот, грлото и кожата
  • Главоболка
  • Замор
  • Задишување
  • Преосетливост и алергии
  • Проблеми со синусите
  • Кашлање и кивање
  • Вртоглавица
  • Гадење

Луѓето обично ги забележуваат овие симптоми после неколку поминати часови на работа во затворен простор и се чувствуваат подобро откако ќе го напуштат затворениот простор или кога се повеќе време на отворен простор во природа на викенд или на одмор.

Многу од овие симптоми може да бидат предизвикани од други здравствени состојби, вклучувајќи обични настинки или грип, и не мора да се должат на лошиот квалитет на воздух. Овој факт може да го отежне идентификувањето и решавањето на проблемите поврзани со лош квалитет на воздух во објектите за работа или живеење.

Направете го првиот чекор во решавање на проблемите со квалитетот на воздухот во затворен простор!!!

За да се започне со решавање на еден проблем треба најпрвин истиот да се идентификува. Кога се работи за квалитет на воздухот во затворен простор првиот чекор е систем за мониторинг на квалитетот на воздухот во вашите простории. Мониторирање на амбиенталните параметри ќе Ви овозможи да имате информации каков е квалитетот на воздухот во Вашите работни или станбени простории.

AMBION е паметен систем за мониторинг на амбиентални параметри (Температура, влага, CO2, PM2.5 и PM10 честички). Ова решение не само што ги следи овие параметри туку Ви овозможува детални табеларни и графички извештаи за измерените вредности во одреден период за одредена мерна точка. Во исто време Ви овозможува да поставите и соодветни аларми за секоја мерна точка во секоја Ваша просторија и секогаш навреме да имате информација за проблемите со квалитетот на воздухот во Вашите простории.

Луѓето се нашето најголемо богатство, направете веднаш  вистински чекор кон заштита на здравјето на Вашите вработени или Вашата фамилија. Закажете бесплатна презентација за AMBION веднаш!