Трговијата не големо е еден од главните двигатели на економијата. За успешна трговија, компаниите треба да воспостават беспрекорен систем за мониторинг на целиот процес, од складирање до продажба и дистрибуција на производите. Во продолжение прочитајте како успешно да го мониторирате Вашиот успех во бизнисот:

Како да ја чувате храната во Вашиот магацин?

За успешно менаџирање на магацинот важно е компаниите да воспостават систем за автоматското следење на амбиенталните вредности кој му овозможува на менаџментот и вработените да бидат информирани за какви било промени на амбиенталните вредности во реално време, без оглед на нивната локација или времето од денот.

Прекумерната топлина може да предизвика расипување на производите, додека прекумерната влага може да доведе до раст на мувла.

Со проактивен пристап и следење на температурата и влагата можете да ги одржувате производите постојано складирани во идеални амбиентални услови, минимизирајќи го ризикот од расипување и загуба на залихите. Со тоа Вашиот магацин ќе работи ефикасно, а истовремено ќе ги намалите евентуалните финансиски загуби и негативно влијание кај потрошувачите.

Прочитајте тука: Како правилно да ги чувате производите во Вашиот магацин?

Безбедност на производите во возилата

Безбедност на производите во возилата

Ваша должност е да обезбедите идеални амбиентални услови при транспортот на производите. Системите за следење на температура и влага се стандарден дел од спецификациите за транспорт на производи во контролирани услови и истите се законски пропишани. Со мониторингот на температурата и влагата во возилата при транспортот можете да обезбедите доказ дека им ги предавате производите на Вашите комитенти во идеални амбиентални услови. Во случаеви каде можеби, Вашиот комитенти, од било какви причини не ги чува производите во пропишаните амбиентални услови, при евентуални проблеми, Вие многу лесно ќе можете да докажете дека Вие сте му ги предале производите во идеални услови, со што би ја заштитиле Вашата компанија од било какви правни и други санкции. Но секако, најважно од се е тоа што со правилен мониторинг секогаш ќе имате квалитетни и безбедни производи за Вашите комитенти и потрошувачи.

Прочитајте тука: Како да обезбедите мониторинг на температура и влага во Вашите возила?!

Воспоставете беспрекорен систем

Квалитетен систем за мониторинг на амбиентални вредности е алката која долго време недостасуваше за комплетна дигитализација на мониторингот на температура и влага. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис каде и да се наоѓате. Доколку имате повеќе прашања околу тоа како може да воспоставите беспрекорен систем за мониторинг, подготвени сме да Ви пружиме максимална поддршка. Закажете консултативен разговор!