Posts

Решенија за управување со ладен ланец за снабдување

Управувањето со ладниот ланец за снабдување е комбинација од многу активности за да се осигура дека различни производи чувствителни на промена на температурата како што се храна, зеленчук и овошје,  вакцини, сладолед итн се складираат и транспортираат на соодветна температура од производителот преку транспортот се  додека производот не стигне до крајниот корисник или потрошувач преку дистрибутивни канали. Ако ланецот е нарушен во било која точка, производот станува неупотреблив во однос на неговиот квалитет и безбедност за користење од крајните корисници.

Нашиот тим и производите  од палетата на АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност се тука да Ви помогне со  различните процеси кој се дел од управувањето со ладниот ланец за снабдување.

Мониторинг на температурата и релативната влажност

АМБИОН Системот за мониторинг на температура и релативна влажност континуирано ги следи вредностите на температурата и влагата на онолку локации колку што е потребно во Вашите простории за складирање на производите и во производните погони. Преку посебниот производ АМБИОН Термограф се овозможува следење, запишување и печатење на измерените вредности на температура и релативна влажност при транспорт на производите.

АМБИОН Ви овозможува и аналитички и графички извештаи за измерените вредности на секоја мерна точка во одреден временски период. Во случај на надминување на однапред зададените вредности на температура и релативна влажност АМБИОН Ви овозможува аларми кој преку СМС, електронска пошта, визуелно и преку звучен аларм ќе Ве информираат веднаш за проблематичните вредности  и ќе бидете во можност да навремено реагирате и да спречите нарушување на квалитетот и безбедноста на Вашите производи.  

Студии за  температурно мапирање, валидација  и квалификација

Нашиот тим е тука да Ви помогне во процесот на мапирање на Вашите простории за да се одредат соодветните точки каде ќе се постават сензорите за мерење на температура и релативна влажност во Вашите простории за складирање на производите. Во исто време можеме да Ви понудиме и услуги на валидација и квалификација на Вашите простории за складирање за да потврдите дека Вашите простории се соодветно опремени за чување на производи осетливи на промена на температурата и влагата.

Консултации за управување со ладниот ланец за снабдување

ЗОНЕЛ Софтвер со својот тим е на Ваше располагање со консултации за соодветно складирање и дистрибуција на производи осетливи на промена на температура и релативна влажност. Ова вклучува препораки за соодветно дизајнирање на просториите за складирање на производите, препорака за соодветна опрема, начин на користење на возилата итн.

Време е за акција СЕГА.

Побарајте не! Тимот кој е одговорен за АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влажност Ви стои на располагање за презентација на решението и да Ви помогне во неговата имплементација.

Централизиран систем за мониторинг на температура и релативна влажност

АМБИОН – Централизиран систем за мониторинг се состои од повеќе компоненти – сензори, контролер и софтвер за мониторинг. Прецизните сензори ги мерат потребните параметри, додека контролерот ги презема податоците и ги префрлува до софтверот за мониторинг кој праќа аларми за надминати вредности, ги прикажува во реално време измерените вредности, овозможува креирање на различни извештаи и овозможува достапност на податоците од сите компјутери во Вашата мрежа.

АМБИОН – Централизиран систем за мониторинг на температура и релативна влажност  ги собира и чува податоците за измерените вредности на сигурен и безбеден начин и истите податоци се достапни секаде во Вашата компанија.

Примена

Прехранбена индустрија, фармација, чување на земјоделски производи, хемиска индустрија, текстилна индустрија се само дел од индустриите каде се користи АМБИОН – Централизиран систем за мониторинг. Со големиот број на можности кои ги дава АМБИОН, може да се користи секаде каде температурата и релативната влажност се критични за процесот на функционирање на одредена компанија.  

Мерење

– Следење во реално време
– Вредностите се прикажуваат локално на компјутерот  за мониторинг, и може да се пристапи преку сите компјутери на локалната мрежа  и преку  интернет
– Следење на следниве параметри: температура и релативна влажност. Дополнителна можност за следење на други амбиентални вредности: притисок, диференцијален притисок, CO2 и други вредности.

Складирање на податоците

– Автоматска преземање на податоци и архива
– Складирање на податоци на повеќе локации, вклучувајќи   и складирање на податоците во меморијата на контролерот

Известување

– Практични алатки за изготвување на извештаи подготвени за прикажување на податоците, графички приказ, извештаи за HACCP
– Автоматско испраќање на извештаи до кориснички дефинирани e-mail адреси
– Специфични извештаи по барање на корисниците

Централизиран систем за мониторинг

Аларми

– Автоматски аларми преку e-mail и СМС
– Аудио и визуелни аларми

Редундантност

Независно од барањата на најразлични стандарди како на пример HACCP, редундантност е еден од најважните атрибути кои треба да ги поседува еден Централизиран систем за мониторинг. АМБИОН овозможува различни аларми – звучни, визуелни, преку електронска адреса и преку СМС. Ова ја зголемува сигурност дека алармот ќе биде навреме виден од задолжените во компанијата. Исто така АМБИОН ги чува податоците на повеќе локации што ја зголемува сигурноста на податоците и ја отфрла можноста за губење на измерените вредности.

Заштеда на време и пари …

… комплетно автоматизиран
… приказ во реално време на кој било компјутер во Вашата мрежа
… едноставна надоградба на системот со додатни контролери и сензори
… едноставно одржување

Максимална сигурност

… целосно автоматизиран мониторинг и автоматски аларми.
… во согласност со HACCP.
… стабилно и сигурно решение.
… професионално одржување и развој на системот во согласност со барањата на корисниците.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност.

Следење на температурата во индустријата – критична операција за квалитетен производ

Следење на температурата е критична операција за многу повеќе индустрии отколку што претпоставувате. Постојат и многу законски регулативи или регулативи поврзани со имплементација на одредени индустриски стандарди, кои имаат потреба за следење на температурата и релативна влажност, исто така, има потреба од доказ (записи) дека сите релевантни барања за следење на температура се исполнети. Податоците за температурата што се собираат мора да бидат анализирани и презентирани во извештаите до соодветните институции и, исто така, се чуваат во досие за измерените температури по објекти за повеќе години.

АМБИОН преставува примарна алатка за следење на  температура во голем број на индустрии. Производите или средините во  кои треба да се следи температурата, обично се врзани со безбедноста на потрошувачите на еден или друг начин. Без разлика дали тоа е  храна или вакцини, недостатокот од мониторинг на температурата при нивното складирање или манипулација може да биде апсолутно опасно за крајниот потрошувач.

следење на температурата

Храна

Во месната индустрија се наложува следење на нивото на температурата постојано во текот на сите процеси на негова обработка, ладење, складирање и испорака. Во зависност од типот на производот, температурата се следи, се додека производот не е во рацете на потрошувачот.

Процеси како што се конзервирање, или термичка обработка, се чувствителни на температура и се едни од најчестите процеси поврзани со голем број на прехранбени производи. Овој метод гарантира дека производите се изложени на температури кои соодветно ги елиминираат бактериите и со тоа се гарантира производство на  безбеден производ.

За пастеризација АМБИОН обезбедува следење и евиденција на температурата во текот на целиот процес.

Производителите на јајца исто така имаат строги упатства за следење на  температурата и  релативната влажност.

 Болници и фармацевтска индустрија

Медицинската индустрија има долга листа на активности кои се чувствителни на температура. Температурата игра клучна улога во стерилизација и чистота, што е врвен приоритет за оваа индустрија.

Стерилизација на медицински инструменти, и се друго што доаѓа во контакт со пациентот е задолжителна операција. АМБИОН се користи за да се потврди дека стерилизација е успешна и дека опремата што се користи е стерилизирана правилно.

Следење на температурата  за складирање на вакцините е уште едно поле на интерес за овие индустрии на кое мора строго да се придржуваат за да се обезбеди јавна безбедност и за да можат да  ги исполнуваат стандардите кои ги предвидуваат законите. Исто така, постојат многу  други производи,  медицински или фармацевтски  за чие складирање треба континуирано следење на температурата.

следење на температурата

Како што можете да видите, постојат многу различни операции во различни индустрии каде мора да се користи систем  за следење на температурата со многу различни потреби за секоја од нив. Изборот на АМБИОН е вистинскиот чекор, затоа што АМБИОН со својата прилагодливост лесно може да се имплементира во секоја од овие индустрии и да одговори на сите предизвици за мониторинг на температура и релативна влажност.

Тимот на АМБИОН Ви стои на располагање во имплементација на соодветно решение за мониторинг на температура и релативна влажност.

Уште еден силен аргумент за Вашата правилна одлука

КАДЕ се наоѓа AMBION на домашниот пазар?

Во следнава табела погледнете само дел од предностите на AMBION, во однос на другите домашни и странски решенија за мониторинг на температура и релативна влажност кои егзистираат на пазарот.

Карактеристики

Домашно решение

Странско Решение

Мониторинг на температура и релативна влажност од повеќе мерни точки во реално време

Софтверска анализа на измерените вредности во одреден период за одреден сензор (сонда)

Генерирање на аналитички и графички извештаи за измерени вредности на одредена мерна точка во одредени периоди

×

Автоматско пополнување на Дневник за измерени температури за HACCP

×

×

Алармирање по пат на СМС и електронска порака (e-mail) при надминување на предефинирани критични вредности

×

×

Самостоен контролер за евиденција на температури и релативна влажност со сопствена меморија и часовник

SD Мемориска картичка во контролерот за складирање на податоците за измерените вредности

×

Можност за мерење на дополнителни амбиентални вредности
(влага, прашина, …)

×

×

Можност за доработки на софтверот по барање на корисниците

×

×

Професионална и брза поддршка директно од тимот на производителот

×

×

Висока Цена

×

АМБИОН – Иновативно решение за безбедна храна

Во Македонија се произведува и се консумира здрава храна и не е голем процентот на штетни емисии во воздухот и во почвата во споредба со соседните земји. Трендот со органското производство, пак, ја зголемува довербата кај потрошувачите за набавка на безбедни производи од животинско и растително потекло. Сепак, компаниите кои се занимаваат со производство на храна треба да посветат поголемо внимание на исполнувањето на одредени стандарди за чување на квалитетот на храната, со што ќе ја зголемат и конкурентноста.

Ова, меѓу другото, беше констатирано на вчерашниот настан во организација на Зонел Софтвер, Стопанската комора на северозападна Македонија, СКСЗМ, и ЦС Констан посветен на стандардите и исправниот режим на чување и на манипулација на храната, како клуч за безбедност на храната.

Според Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ, обуките претставуваат нов сегмент во работењето, со цел да се види колку компаниите се подготвени да бидат конкурентни, имајќи го предвид квалитетот на храна што го нудат.

Гоце Џуровски од „Зонел Софтвер“ појасни дека нивното софтверско решение што им се нуди на компаниите, претставува мониторирање на температурата и на релативна влажност на операторите кои работат со храна и кои можат да наидат на проблеми, како што е расипувањето и неодржувањето на нивото на квалитетот на храната.

„Ова целосно им ги решава сите потреби во согласност со законите, а посебно во однос на ХАСАП-стандардот. Дневникот на температури кои треба да се мери, автоматски ќе се пополнува. Меѓутоа, ова решение овозможува и целосна анализа на она што се работи, во однос на температурата за производот, но ќе се алармира во случај на надминување на одредени вредности“, истакна Џуровски.

Инаку, нехигиенските услуги во производството, немањето на декларации и непочитувањето на стандардите се најчестите поплаки што потрошувачите ги доставуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Го презентиравме стандардот за квалитет на храната кај малите и средните производители за храна, што е присутен во Баварија, но наоѓа примена и на Балканот. Со овој стандард производителите на храна во регионот имаат можност да добијат полесен пристап до пазарите во ЕУ“, истакна Жан Станоевски од компанијата „Констант“.

Според професорот Мишо Христовски од Факултетот за ветеринарна медицина, во Македонија нема многу штетни емисии, но сепак се произведува здрава храна.

„Трендот со органското производство ја зголемува довербата кај потрошувачите кои сакаат да обезбедат сигурни производи од животинско и од растително потекло. Ценам дека во Македонија има безбедна храна, за разлика од некои наши соседи, како што се Косово и Бугарија“, рече Христовски и порача дека граѓаните можат да им веруваат на институциите и на производителите за безбедноста на храната.

Настанот во Медиумите: Вечер, Утрински Весник, Репортер, Plusinfo.mk, МИА

Температурни режими и критериуми за термичка обработка на сурово млеко

Температурни Режими

Операторите со храна треба да обезбедат дека по прифаќањето во објектите за преработка:

1) млекото е брзо оладено на температура не повисока од 6 °C и се чува на таа температура се додека не се преработи; и
2) колострумот е брзо оладен на температура не повисока од 6 °C или се одржува смрзнат, и се чува на таа температура се додека не се преработи.

Операторите со храна може да го чуваат млекото и колострумот на повисока температура ако:

1) преработката започнува веднаш по молзењето или во период од четири часа по прифаќањето во објектот за преработка; или
2) Агенцијата за храна и ветеринарство одобрила повисока температура од технолошки причини кои се однесуваат на производство на одредени млечни производи или производи на база на колострум.

Температурни режими и критериуми за термичка обработка на сурово млеко

Критериуми за термичка обработка

При термички третман на суровото млеко, колострум, млечните производи или производи на база на колострум, операторите со храна треба да обезбедат третманот да ги задоволува барањата пропишани со прописите за безбедност на храна, при што, кога се користат следните процеси, истите треба да се во согласност со следното:

1) Пастеризацијата се постигнува со третман кој вклучува:

– висока температура за кратко време (најмалку 72 °C за време од 15 секунди); или – ниска температура за долго време (најмалку 63 °C за време од 30 минути); или
– било која друга комбинација на време и температура за да се постигне еднаков ефект, односно таков што производите покажуваат, онаму каде е применливо, негативна реакција на фосфатаза тест веднаш по таквиот третман.

2) Третман на Екстремно Високи Температури (UHT) се постигнува со:

– континуиран проток на топлина на многу висока температура за кратко време (не пониска од 135 °C во комбинација со соодветно време) со што ќе нема микроорганизми или спори способни за раст и развој во производи кои се третираат кога се чуваат во асептички затворени контејнери на амбиетална температура; и
– третман доволен да се обезбеди дека производите остануваат микробиолошки стабилни по нивнатa инкубација на 30 °C во период од 15 дена, на 55 °C во период од 7 дена во затворени контејнери, или после било кој друг метод со кој се докажува дека бил применет соодветен топлотен третман.

Соодветна евиденција

За просториите каде постојат соодветните температурни режими за чување на суровото млеко и колустромот треба да се се води соодветна евиденција за температурниот режим на чување на овие производи (запис за температура).

Операторот со храна исто така е обврзан да води соодветна евиденција за спроведениот термички третман (запис за температурата и времетрањето на термичкиот третман).

АМБИОН – Системот за мониторинг на температура и релативна влага обезбедува комплетен мониторинг и на двата процеса (чување и термичка обработка), исто така обезбедува евиденција на измерените вредности, автоматско пополнување на сите документи за евиденција кои се потребни за ХАССП.

АМБИОН во исто време дава можност за дополнителни анализи на измерените вредности што преставува моќна алатка за операторите со храна за анализа на нивниот производен процес.