Фармацевтскиот бизнис, покрај сите предизвици со кои се соочуваат и останатите бизниси има и дополнителна одговорност – да се грижи за безбедноста на своите пациенти. Човековиот живот е вредност за која вреди да се вложиме максимално. Во продолжение прочитајте како да ја гарантирате сигурноста на Вашите лекови и безбедноста и здравјето на Вашите пациенти.
Два клучни сегменти!
Со цел да се гарантира безбедноста на пациентите, фармацевтските куќи мора да обезбедат лековите и вакцините да се складираат на точно определени температури. Колку и да Ви изгледаат апстрактни и сложени стандардите за чување и складирање на лекови и вакцини, постојат два клучни сегменти кои се основа и на кои мора да обрнете најмногу внимание – правилно следење на температурите и документирање на истите.
Запазувањето на овие стандарди ќе овозможи максимална ефикасност на Вашите лекови и задржување на својствата на лекот до истекот на рокот на траење. Откако ревизијата и контролата во веледрогериите станува се поригорозна, мониторингот на температурата и евиденцијата за истата стана витален процес за успешноста во фармацевтскиот бизнис. Успешноста на бизнисот зависи само од моќта за препознавање на квалитетните работи. Имаме решение кое ќе Ви помогне еднаш засекогаш да го решите проблемот со безбедноста на лековите!
Побарајте термин за бесплатен консултативен разговор тука
Каде настануваат главните проблеми?
Главниот проблем веројатно е мешање на термините, а со тоа и системите. Мора да направиме разграничување дека едно е систем за контрола на температури а друго е систем за мониторинг и алармирање! Системот за мониторинг мора да биде независен и одвоен од системот за контрола на температури. Немањето на автоматизиран систем за алармирање и електронска следливост на температурите е главниот причина за намалувањето на ефикасноста на лековите, а со тоа и безбедноста и здравјето на пациентите. Голем број фармацевтски куќи единствено што прават е дневна проверка на фрижидерите за да ја контролираат температурата. Главниот проблем со ова е тоа што, не само што не успеваат да откријат било какви промени на температурата, на пример, кога вратата на фрижидерот е отворена премногу долго, туку што е уште поважно, тоа не Ви дава можност брзо да реагирате доколку има некаков проблем или промена на температурата.
Ова може да има многу негативен ефект врз репутацијата на веледрогеријата, а да не зборуваме дека губењето на скапи лекови значи огромен финансиски удар за компанијата. Но најзагрижувачки е ризикот да се променат својствата на лекот, поради тоа што самиот производител го губи својот углед доведувајќи го здравјето на пациентите во ризик. Здравјето нема цена!
Како може да го решите проблемот?
Што можете да направите? Како да го решите проблемот? Во минатото, целосно интегрираните системи за следење на температурата беа комплицирани за инсталирање и многу скапи. Конечно е пронајдено решение! AMBION SYSTEM – вашиот чувар на квалитетот! Овозможете си континуиран 24/7 часовен мониторинг на температура и влага со наједноставното безжично решение кое може да го имплементирате уште денес без никакви потешкотии. Заштедете си време и нерви!
Зошто AMBION SYSTEM?
- Бидејќи заслужувате да бидете сигурни дека лековите секогаш се чуваат во правилни услови!
- Бидејќи заслужувате автоматско известување преку е-пошта или SMS и електронска следливост на температурите!
- Бидејќи AMBION SYSTEM функционира преку бежична радио комуникација. Предноста на оваа врска е тоа што самиот уред функционира на поголема оддалеченост од останатите решенија базирани на Wi-fi мрежа.
- Бидејќи знаеме дека Ви е важен секој денар и не треба да ги фрлате парите на скапи и комплицирани системи за мониторинг на температури!
- Бидејќи угледот се гради со години а се руши преку ноќ!
- Бидејќи Вашите клиенти заслужуваат сигурен пријател!
- Бидејќи здравјето нема цена!
- Бидејќи одлучивме да инвестираме во Вашиот бизнис.
Договорете термин за бесплатна консултација тука !