Според статистиките, во Македонија годишно се фрла над 12000 тони храна! Тоа значи дека околу 30 проценти од произведената или увезена храна завршува во депонија. Во голема мера, дел од Вашите цели и планови за иднината може да завршат во депонија, само поради мали грешки во работењето. Еве што може да направите, за да ја подобрите ситуацијата:
HACCP системот не е лоша вештерка!
Бидете секогаш точни и максимално прецизни во исполнувањето на сите HACCP стандарди, не поради стравот од инспекции, туку поради Вас и здравјето на Вашите клиенти. HACCP стандардите се така креирани за да Вашата компанија секогаш произведува квалитетна, здрава и безбедна храна. Прецизноста во пополнувањето на HACCP дневникот кажува многу за Вашиот став, сериозност и општествена одговорност. Најдобар совет што можеме да Ви го дадеме е што помалку безбедноста на храната и здравјето на Вашите клиенти да ги оставате на факторот човечка грешка. Несериозно е во денешно време, извештајот за HACCP Вашите вработени да го пополнуваат со пенкало. Постои начин како дневникот на HACCP системот да се пополнува автоматски, без никаква можност за грешка или отстапка.
Што е правилно мерење на температури?!
Денеска, скоро сите компании кои произведуваат или складираат храна имаат некаков систем кој мери и покажува температури. Колку ова и да личи на среќна вест, треба да се запрашаме дали е доволно? Како ова, ќе ни помогне доколку се случи некаква грешка во системот, и температурите падната под потребната маргина? Токму ова е една од најголемите причини за расипување на храната. Мерењето на температури без соодветен систем за алармирање е меч со две острици! Тоа е како да се надевате дека ќе погледнете во будилникот токму тогаш кога сте планирале да станете од спиење. Доколку сеуште немате воспоставено систем за алармирање и мониторинг сторете го тоа уште денеска. Земете ја контролата на Вашиот бизнис во Ваши раце!
„Ќути, добро е, не се расипаа производите!“
Храната или е чувана под идеални услови или не е. Нема нешто измеѓу! Времето на аматеризмот одамна е завршено. И храната која сеуште не е расипана не значи дека е квалитетна. Задржете го Вашиот квалитет константно! Сигурно дека производот во кој сте го вложиле сето Ваше време, нерви и сите можни ресурси заслужува подобар третман. Константниот квалитет значи стабилна компанија и среќни и задоволни клиенти!
Ambion System Вашиот чувар на квалитетот!
Не мора повеќе да висите цело време пред контролните мерачи и да проверувате каква е температурата! Без разлика дали сте на состанок, на вечера со пријателите, на пат… Ambion системот ги чува квалитетот и безбедноста на Вашите производи. Добијте смс или е маил известување за било каква промена на температурите! Конечно пред Вас е идеално решение за сигурен квалитет! Ослободете ги Вашите вработени од досадните обврски рачно да ги евидентираат температурите во дневникот за HACCP! Нека ја работат работата за која навистина ги плаќате! Заслужувате прецизен систем без можност за грешка! Останете најдобри! Одберете сигурно решение! Договорете термин за консултативен разговор!